ОВА СЕ МАЖИТЕ ЗА КОИ СИТЕ БИ СЕ СВРТЕЛЕ НА УЛИЦА!

Момци, спуштете ги жилетите!

Иако трендот на ламберсексуалци е минато, брадите сепак се многу привлечни за девојчињата, а истражувањето покажа дека жените сакаат мажи со брада дури и повеќе отколку што мислевме!

Им беа прикажани фотографии од истите момци кои биле свежо избричени и кои имаат брада од пет и десет дена, како и брадата стара четири недели.

Резултатите од студијата со учество на 8.500 жени се јасни: мажите се најатрактивни со десетдневна брада, а потоа следат оние кои не се избричиле четири недели.

  • Брадата прави мажот да изгледа постар, помажествен, социјално доминантен – се наведува во студијата. – Мажите со брада би можеле да бидат попривлечни за жените кога размислуваат да влезат во долга врска, бидејќи тие укажуваат на способност за успешно натпреварување со други мажи.

Патем, други истражувања покажаа дека мажите со влакна на лицето се со поголема веројатност да бидат прељубници, а едно истражување покажа дека има повеќе сексисти меѓу нив.

И, какви момци претпочитате вие?