Приказни пред спиење
Истражувањата покажуваат дека читањето приказна пред спиење носи поблиски односи меѓу детето и родителот. Особено времето на крајот од денот пред да заспие нашето малечко е одличен начин за поврзување, но и нешто што детето најчесто го памети од своето детство.
Слушање на детето
Иако често знаеме да му кажеме на детето дека во моментот немаме време или дека сме зафатени со одредени обврски, доколку им обрнеме внимание на нашите деца кога знаеме дека треба, психолозите не уверуваат дека можеме да бидеме сигурни дека еден ден ќе размислуваат за своето детство и ќе се сетат како нивните родители отсекогаш биле со нив. Исто така, понекогаш децата не прекинуваат затоа што сакаат да го привлечат нашето внимание, а не затоа што секогаш сакаат нешто од нас или имаат нешто посебно да кажат.
Гушкање
Ако погледнете наназад на вашето детство и почувствувате љубов и среќа, големи се шансите тоа да било исполнето со љубов од вашите родители. Имено, гушкањата и прегратките не се само симбол на љубов, туку и на поддршка и заштита. Психолозите советуваат дека треба што почесто да ги гушкаме нашите деца бидејќи така тие ќе се чувствуваат безбедно, сакано и ценето, а и самите еден ден ќе станат љубовни родители.
Семејни традиции
Без разлика дали се работи за гледање новогодишни светилки на истата улица секоја година, правење домашна пица за вечера, поминување на велигденско кампување или чести патувања во природа, семејната традиција ќе му овозможи на детето еден ден да се потсети на сите убави спомени поврзани со семејните моменти.
Заеднички оброци
Додека времето за вечера може да биде стресно кога децата се уште се мали и немирни, со текот на времето овие моменти ќе станат нешто што ќе го паметат во иднина. Имено, психолозите објаснуваат дека заедничкото седење на маса и делењето оброк, дури и ако тоа се случува само за време на викендите, им стануваат некои од омилените детски спомени на децата. Тоа е време што можат да го поминат со своите родители, без телефони, телевизија и други одвлекувања.