ОВДЕ НАЈЧЕСТО ГРЕШИМЕ ВО ЉУБОВТА: ЕВЕ КАКО МАЖОТ САКА, А НА КОЈ НАЧИН ЖЕНАТА!

Според мистикот Ошо , љубовта мажите и жените различно ја доживуваат како безусловна љубов кон друго суштество . Кога би ја знаеле разликата, би можеле да се избегнат многу недоразбирања, како и многу изневерени очекувања. Многу жени мислат дека мажите се бесчувствителни и дека сакаат само слобода. Ова се секако непотребни генерализации, но да видиме што вели Ошо .

мажот?

Според Ошо, за мажот љубовта е една од многуте работи во неговиот живот . Тој може да направи многу работи – да биде креативен, да создава, пишува, слика, компонира… и тоа го прави не затоа што го сака, туку затоа што за него има одредена вредност и на никаков начин не е поврзано со љубовта. За мажот љубовта е пријатен додаток на животот, не можеме да кажеме дека не знае да сака. Но, според Ошо, ако мажот нема љубов, неговото внимание подеднакво ќе биде окупирано со други работи на кои целосно ќе им се предаде и нема да се чувствува нецелосно поради тоа.

Како жената сака?

Според Ошо, љубовта е смислата на животот за една жена , без разлика дали е тоа љубов кон личност, работа, хоби, уметност… Сè што прави, жената го прави од длабока љубов, затоа што го сака. Сè што создава е израз на нејзината љубов. Сепак, Ошо истакнува дека, за разлика од мажот кој наоѓа задоволство во други работи кога нема љубов, жената не може да го направи тоа. Може да биде најуспешна во бизнисот, препознаена, но повторно да биде незадоволна, доколку љубовта не и е присутна во животот.