ОВИЕ 6 СИМПТОМИ УКАЖУВААТ ДЕКА НА ВАШИОТ ЦРН ДРОБ МУ ТРЕБА ИТНО ЧИСТЕЊЕ

Живееме во свет полн со токсини. Тие се наоѓаат не само во воздухот што го дишеме, туку и во храната што ја јадеме. Сето ова влијае на здравјето на нашиот црн дроб.

Ако функционира нормално, може да филтрира се што е штетно (токсините се излачуваат во урината и изметот). Во овој случај, во телото на здрава личност останува само најкорисното. Но, ако црниот дроб е оштетен од алкохол, вируси или хемикалии, тогаш не е во состојба да се бори со токсините. Сето ова може да доведе до прекумерна тежина и еден куп други проблеми.

Симптоми кои ве предупредуваат дека на црниот дроб му треба чистење

Еве ги првите знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини:

  1. Не можете да ослабете

Ако не можете да ослабете иако сте на диета, веројатно тоа се должи на токсините во црниот дроб.

  1. Се жалите на стомачни проблеми

Црниот дроб е орган кој врши над 500 функции во вашето тело, вклучувајќ складирање на витамини, масти и јаглени хидрати, регулирање на хормоните и прочистување на крвта и друго. Кога не функционира правилно, внесот на кислород се намалува, мастите не се обработуваат правилно и токсините се акумулираат во вашето тело. Ова предизвикува не само зголемување на телесната тежина, туку и дигестивни проблеми.



  1. Се жалите на чести промени во расположението и проблеми со меморијата

Ова се должи и на токсините во црниот дроб.

  1. Вашата кожа има жолтеникава нијанса

Овој проблем често е придружен со воспаление, чешање, преосетливост и појава на мали црвени дамки на кожата.

  1. Темна урина или крвава, црна столица
  2. Се жалите на хроничен замор и слабост

Во овој случај, вашиот црн дроб работи напорно за да се ослободи од токсините. Ова е причината поради која наутро се будите уморни.

Секој од овие симптоми, особено во комбинација со други поплаки, треба да биде причина веднаш да побарате лекарска помош!

Важно: Статијата е само за информативни цели и не може да се користи како замена за консултација со лекар!