ОВИЕ НАМИРНИЦИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ ЛИБИДОТО

Секој сака да има стабилна и здрава сексуална врска. Затоа е важно да се води добар начин на живот со доволно спиење, вежбање и умерено јадење. Вашето мени треба да вклучува храна богата со омега-3 масни киселини и витамин Б.

Следниве 5 намирници имаат ефект на стимулирање на либидото:

  1. Лутите пиперки даваат одличен резултат кога либидото е ниско. По нивното конзумирање, телото ослободува ендорфин, кој делува и како ослободувач од болка и како афродизијак.
  2. Ѓумбирот поволно делува и на сексуалната желба, поради ѓумбиролите кои ги содржи, кои ја подобруваат ејакулацијата и делуваат возбудливо.
  3. Коренот мака е јужноамерикански афродизијак и се користи во природната медицина за лекување на проблеми со ниското либидо и потенцијата.
  4. Витекс-дива лаванда е популарен лек за разни тегоби како што се топли бранови за време на менопаузата. Погоден е и за природно зголемување на либидото, бидејќи го потиснува пролактинот, чиј вишок може да го намали либидото и да доведе до неподготвеност за секс.
  5. Темното чоколадо е класичен афродизијак со докажан ефект на возбудување.