ОВИЕ НАМИРНИЦИ НЕ СЕ ДОБРИ ЗА КОНСУМИРАЊЕ ПРЕД ПЛИВАЊЕ!

Зачинета храна

Бидејќи нашето тело е претежно во хоризонтална положба додека плива, киселинскиот рефлукс може да биде проблем, а зачинетата храна може дополнително да го комплицира. Ова е причината зошто не треба да консумирате лути сосови, пиперки и друга храна што може да ви предизвика непријатност пред пливање.

Овошни сокови и газирани пијалоци

Наместо овошни сокови и газирани пијалоци што можат да предизвикаат надуеност и грчеви, освежете се со чиста вода пред пливање. Составот на овошни сокови и газирани пијалоци создава притисок врз стомакот, што може да ви го отежне пливањето.

Алкохол

Алкохолни пијалоци ја намалуваат можноста за реакција, а тоа може да биде особено опасно кога станува збор за влегување во вода. Затоа, најбезбедно е да се избегне алкохол целосно пред да се влезе во море, базен или кое било друго место за пливање.

Мешунки

Мешунките како грав и грашок содржат многу растителни влакна, што е добро за здравјето, но може да предизвика надуеност, запек и грчеви, што може да го расипе вашето летно уживање.

Енергетски пијалоци

Конзумирање на енергетски пијалоци може да предизвика дијареја или гадење додека сте во вода, и постои ризик од дехидратација.