ОВИЕ РАБОТИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ КОНСУМИРААТ ЛУЃЕ СО НАПАДИ НА ПАНИКА И ДЕПРЕСИЈА

Сигурно многу пати сте го слушнале изразот „ти си тоа што го јадеш“ . Има одредена легитимност на оваа изрека, откриено е дека она што го јадете може да влијае на вашето расположение.

Сосема е нормално понекогаш да се чувствувате вознемирени. Ова може да значи дека сте загрижени, напнати или исплашени, особено поради нешто што ќе се случи или додека се соочувате со стресни настани или промени.

Истражувањата покажуваат дека јадењето одредена храна може да доведе до зголемување на нивото на анксиозност . Доколку сакате да ја избегнете оваа непотребна неволја во која се наоѓате, ова се трите работи што треба да ги избегнувате, велат научниците.

Кафе

Дали некогаш сте се почувствувале нервозни и под стрес после утринското кафе? Иако кафето може да ви даде енергија, исто така може да ја поттикне вашата анксиозност бидејќи кофеинот е стимуланс. Според добротворната организација за ментално здравје Mind, кафето може да ги влоши симптомите на анксиозност и депресија, како и да го наруши сонот.

Ако мислите дека кафето – или други пијалоци со кофеин како чајот и енергетските пијалоци – предизвикуваат некои од споменатите симптоми, можеби е добра идеја да се префрлите на билни чаеви или верзии без кофеин.

Преработена храна

Чипсот, хамбургерите, колачите и газираните пијалаци може да изгледаат како добра идеја кога се чувствувате вознемирени. Сепак, преработената храна всушност може да го уништи вашето расположение.

„Оваа храна промовира воспаление и често нема влакна и други микронутриенти за кои е докажано дека позитивно влијаат на здравјето на мозокот и цревата “, вели Меган Хилберт од Top Nutrition Coaching.

Алкохол

Додека пијалокот со пријателите после работа може да биде добар начин за опуштање, премногу алкохол може да ги наруши хемикалиите во мозокот кои се важни за добро ментално здравје.