ОВОЈ МЕТОД ДОКАЖАН ГО ЕЛИМИНИРА ВОСПАЛЕНИЕТО, ГАСОВИТЕ И ЈА РЕГУЛИРА ТЕЖИНАТА

Надуеност, гасови мачат се повеќе луѓе. Истражувањата покажуваат дека речиси секој друг човек се соочува со овој проблем барем еднаш во животот. На тоа најголемо влијание има брзиот начин на живот, но природата има решение и за оваа непријатност.

Цревните проблеми предизвикуваат ослабен имунитет и многу други тегови, вели д-р Кенет Браун.

Еве како да ги одржувате вашите црева здрави:

1. Храната е секогаш најдобриот лек

Сè што внесуваме во нашето тело влијае на нас на одреден начин. Лекарот советува внимателно читање на декларации и избирање на најприродната храна. Зеленото овошје и зеленчук, како и бананите, имаат неколку придобивки за цревата.

2. Изберете ги вистинските влакна

Влакната се поделени во две групи, растворливи и нерастворливи влакна.

Растворливите влакна се наоѓаат во грав, грашок, лен, бобинки, јаболка и тие всушност го забавуваат варењето. Најдобар избор се секогаш нерастворливите влакна, кои ги има во јаткастите плодови, интегралните житарки, семките и оризот.

3. Флаваноидите се вашите најдобри сојузници

Флавоноидите му даваат боја на зеленчукот, а тие се многу корисни за варење бидејќи делуваат како антиоксиданти. Најголема концентрација на флавоноиди има во зелената салата, кромидот и слаткиот компир.

4. Намалете го стресот

Кога сме под стрес, лачиме прекумерна киселина во желудникот, што предизвикува пореметувања. Физичката активност е одлична за отстранување на напнатоста.

5. Квалитетниот сон е задолжителен

Сонот навистина исцелува. Ако сте одморени, цревните проблеми ќе ве заобиколат.

6. Вештачките засладувачи предизвикуваат сериозни пречки

Вештачките засладувачи се главните причинители на дијареата, бидејќи телото не е во состојба да ги свари.