Часовник број 1
Вие сте личност која сака да гради длабоки врски, меѓутоа врската во која сте долго време не ви одговара. Тоа не значи дека сакате да се извлечете од тоа по секоја цена, но разбирате дека е потребно многу взаемен труд за да се направи се како што беше порано.
Она што ви недостасува е слободата и самољубието, а жалите за сите неостварени желби и планови што сте ги имале.
Но, знајте, никогаш не е доцна да се направи чекор напред. Затоа, земете го вашиот живот во ваши раце и направете ги промените што отсекогаш сте ги посакувале.
Часовник број 2
Имате чувство дека проблемите никогаш нема да завршат. Преплавени сте со информации, туѓи проблеми и немате време да се занимавате со сопствениот живот.
Она што ви недостига е искрен и пријателски разговор со доверлива личност која ќе ја разбере вашата ситуација. Признајте ѝ дека сте уморни од туѓите проблеми и не двоумете се да побарате помош или совет.
Часовник број 3
Нестрпливи сте за дружење, патување и запознавање нови луѓе. Сепак, некои работи не се можни во моментов, па затоа најдобро е да најдете алтернативно решение и да си помогнете.
Променете ја рутата по која обично одите до работа, сменете ги завесите, гледајте нов филм или слушајте нова музика. Не се откажувајте од запознавањето нови луѓе и животот што го сакате за себе.
Часовник број 4
Вие сте личност која постигнала многу во животот, но сега сте застанале бидејќи мислите дека целите што ги имате се недостижни. Сетете се на почетокот и работите кои тогаш ви изгледале невозможни, но сега би ги решиле за еден ден.
Потребно ви е само малку време, мотивација и верба во себе, а искуството што го имате нема да ве изневери.
Часовник број 5
Долго живеете според правила и норми, а никогаш не сте се чувствувале како господар на вашиот живот. Решивте дека повеќе не сакате таков живот и дека треба да преземете нешто.
Ви недостига чувството на слобода, па затоа е важно да правите нешто за себе секој ден. Не е важно со што ќе започнете, купете си цвет, шише вино, јакна што долго ја гледате на прозорецот и уживајте секој ден.
Часовник број 6
Плачете за стабилен и удобен живот без стрес, проблеми и неочекувани изненадувања. Сакате ред и светла иднина, но не знаете од каде да почнете.
Најдобро е да побарате поддршка од блиските луѓе и да не ја одбивате нивната помош.
Слушајте ги вашите потреби и обидете се да најдете начини да ги исполните.