„Есента од секогаш беше мое омилено годишно време. Времето кога сè експлодира во својата последна убавина, како природата да заштеди цела година за своето големо финале “– Лорен Дистефано
„Дел од мене посакува засекогаш да шета под есенските лисја, со куферче полно со делата на Шекспир и Јеитс и со подвижен шах. Ќе минувам покрај старото дрво каде една летна вечер лежев на тревата со прекрасна млада жена и заедно го цитиравме Е.Е. Камингс одново и одново“ – Роџер Еберт
„Есента е втора пролет, кога секој лист е цвет“– Алберт Ками
„Има време во последните денови од летото кога зреењето на есента го исполнува воздухот “ -Рудолфо Анаја
„Есен … последна, најдобра насмевка на годината“– Џон Хауард Брајант
„Не можам да поднесам да пропуштам нешто скапо како есенското сонце со тоа што ќе останам дома„ – Натаниел Хоторн
„ Во есен, не оди кај златар да видиш злато. Оди во шумата! “ – Мехмет Илдан
„ Ниту пролетта ниту летото ја немаат оваа убавина што ја видов на лицето што блескаше од есента “ – Џон Дан