ПО ИНТИМЕН ОДНОС, ТЕЛОТО ИСПРАЌА ЕДЕН СИГНАЛ: НЕ ГО ИГНОРИРАЈТЕ, БИДЕЈЌИ Е МНОГУ ВАЖЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО!

Речиси секое тело во вакви ситуации реагира на ист начин, а една од овие реакции е потребата за мокрење по интимните односи.

Кај некои може да биде многу силно и непосредно, додека кај некои жени се појавува по неколку минути. Дефинитивно не треба да го игнорирате!

Сексот е чин при кој телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, речиси сечие тело реагира на многу сличен начин.

Зошто мочаме после секс?

Нашето тело е многу софистициран систем, чија улога е да не заштити што е можно повеќе од потенцијалните опасности кои демнат во околината. Една од овие опасности се крие во бактериите.



Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се сокријат на места каде што не ги сакаме.

Специјалистот по урологија открива и како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос:

„За време на сексуалниот однос бактериите се шират низ уринарниот канал кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето после секс всушност го „чистиме“, односно го исплакнуваме уринарниот канал од тие бактерии “, објаснува д-р Невен Капун.

Затоа, ако почувствувате силна потреба за мокрење после секс, одложете го гушкањето за неколку минути и прво слушајте го вашето тело.