Постои општо верување дека првутот е предизвикан од сув скалп. Сепак, ова е мит! Дури и ако имате многу сува кожа на лицето, вашиот скалп може да биде мрсен, а оваа средина го фаворизира развојот на бактерии. Не треба да купувате скапа медицинска козметика за коса за да го излекувате овој вознемирувачки проблем, бидејќи постојат домашни лекови кои ќе ви помогнат да се борите против него доста ефикасно.
Кора од портокал со сок од лимон
Кората од портокал содржи калциум, магнезиум, витамин Ц и растителни влакна, што може да има позитивен ефект врз скалпот. Земете кора од портокал измелете ја и ставете ја во сад. Потоа исцедете го сокот од лимон и мешајте за да направите паста. Нанесете ја добиената мешавина на вашиот скалп и оставете ја да отстои 30 минути. Измијте со шампон.
Аспирин
Аспиринот содржи салицилна киселина, која се користи и во шампони против првут. Се смета дека е една од најуспешните состојки во борбата против овој проблем поради неговата способност да ексфолира вишок клетки. Изгмечете неколку таблети аспирин во ситен прав и измешајте со некои од вашите редовни шампони. Оставете неколку минути и исплакнете.
Семе од тилчец (пискавица)
Семето од тилчец има антиинфламаторно, антимикробно и антиоксидантно својство. Ставете неколку семиња во сад со вода и оставете ги да киснат преку ноќ. Семето испасирајте го во паста и додадете малку сок од лимон. Измешајте го добро. Нанесете ја пастата на скалпот и косата и оставете ја да се исуши 30 минути. Измијте со шампон.
Банана со оцет
Ви требаат 1 цела банана и 2 чаши јаболков оцет. Излупете банана, додадете јаболков оцет и добро измешајте. Потоа нежно масирајте ја оваа паста во корените на косата. По 20 минути исплакнете ја маската со топла вода и вообичаениот шампон.