Доаѓа МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАР во посета на детска градинка. Ги гледа малите деца како си играат и вели:
- Дај пиши чек на 5000 евра за подобрување на животните услови во градинкава!
ПРИДРУЖНИКОТ пишува чек и продолжуваат понатаму со посетите. Сега го посетуваат затворот Идризово. Ги гледа ПОЛИТИЧАРОТ затворениците кои се таму и вели: - Дај пиши чек на 5 милиони евра за подобрување на животните услови во затворов!
- Па, како за децата пет илјади, а за овие злосторници и разбојници пет милиони? – се чуди
- А ти, кај мислиш дека ќе одиш по наредниве избори – во градинка или во затвор?