Иако многу често сме навикнати да ги обвинуваме нашите силни партнери за проблемите во нашата врска, понекогаш проблемот сме ние самите.
Нашиот став, нашите зборови, нашата рамнодушност – сето тоа може да доведе до крај од бајките.
Понекогаш мажите не ни се одземени, туку самите ги губиме.
Ги губиме нашите партнери со рамнодушност, со недоразбирање, со молчење, со вечно незадоволство, со ограничување на нивната слобода, со груби зборови.
Затоа што на мажите им треба многу малку, но понекогаш едноставно не ги разбираме.
Сакаат само почит, разбирање, малку лична слобода, убави зборови и искрена насмевка. Сакаат да знаат дека жената до нив им верува, бидејќи тоа е многу важно во врската.
Мажот е спремен да направи се за жена што некогаш ја сакал – апсолутно се. Се додека ги добие овие неколку работи од неа.
Затоа жени, бидете поразбирливи со вашите мажи, тие не се толку сложени суштества како што мислиме дека се.
А кога сакаат, сакаат цел живот!