„ПОРТАТА НА ПЕКОЛОТ“, КРАТЕР ВО ПУСТИНАТА КОЈ ГОРИ ПОВЕЌЕ ОД 40 ГОДИНИ

На прв поглед се чини како сцена од научнофантастичен филм.

Ова е кратер направен од геолози пред повеќе од 40 години, а огнот во него постојано гори од тогаш наваму.

Се наоѓа во Дервезе во Туркменистан, или, како што го викаат локалците „Портата на пеколот“. Советски геолози во 1971 година бушеле на ова место и наишле на пештера исполнета со природен гас. Но тлото под местото каде што стоела бушилката пропаднало, оставајќи дупка со дијаметар од 70 метри.

Плашејќи се дека отворот ќе предизвика ослободување отровни гасови, екипата решила да ги запали. Претпоставувале дека огнот ќе ги согори гасовите за неколку дена, но тој гори до ден денес.

Огнот создава златен одблесок што може да се види од неколкукилометарска оддалеченост, од Дервезе, село со околу 350 жители.

Местото се наоѓа на околу 160 километри северно од Ашгабат, престолнината на Туркменистан.

Во април 2010 претседателот на земјата, Гурбангули Бердимухамедов, го посетил местото и наредил затворање на дупката, но тоа треба допрва да следува.

Пустината Каракум, која зазема голем дел од Туркменистан, се наоѓа источно од Касписко Море.

Целиот овој регион е исклучително богат со резерви на нафта и природен гас.