На жените им е малку потешко да свршат од мажите, па затоа е најдобро за нив да знаат кои пози најчесто доведуваат до оргазам.
Студија спроведена од тим кој стои зад апликацијата Glow Fertility and Ovulation, го откри држењето на телото во кое жените најчесто достигнуваат оргазам. Откриле дека повеќето жени обично имаат секс во мисионерска поза, но најдобрата поза за оргазам е кога се на врвот. Ова поза или уште позната како „јавање“ има околу 20% предност во однос на другите пози кога се работи за оргазам кај жените.
Претходните истражувања откриле дека женските оргазми се најчести два до три дена пред почетокот на циклусот. Ова може да се должи на фактот дека нивото на хормони се зголемува пред менструацијата, што го олеснува возбудувањето кај некои жени.
Сексолозите советуваат дека најлесен начин да постигнете оргазам е да ги тргнете сите мисли од вашата глава и да се препуштите на сексуалниот однос. Преземањето на контрола ќе направи да се чувствувате моќно.