ПОЗИ ЗА ПАРОВИ КОИ ВЕЌЕ ПРОБАЛЕ СЕ!

Романтичен секс

Долга предигра, многу нежности, свеќи и романтична музика се главните карактеристики на ваквите интимни моменти.

Брз секс

Тоа е придружено со голема доза на адреналин, а се случува во моменти кога целосно ќе им се предадете на страстите. Иако трае само неколку минути, може да биде спектакуларно.

Секс на забрането место

Плажа, шума или автомобил паркиран среде никаде се омилени дестинации за многу парови кои се уште немаат свое љубовно гнездо. Иако можеби е непријатно, веројатно ќе сакате да го пробате повторно во иднина. Ќе ви се допадне напливот на адреналин што доаѓа со секс на забрането место.

Секс за помирување

Иако малкумина сакаат да се караат, повеќето уживаат во водење љубов што служи за да се стави крај на вашето помирување. Тој може да биде страстен како секс на самиот почеток на вашата врска.



Водење љубов во хотел

Новиот простор може да биде исклучително стимулативен и да донесе нова доза на сексуална возбуда, па тој вид на водење љубов долго се памети.

Утрински секс

Нема подобро чувство од тоа да ве разбудат нежни или страсни допири кои гарантираат акција во креветот.

Секс под туш

Заедничкото капење има посебен шарм иако веројатно нема да изгледа баш како она што сте го гледале во филмовите.

Водење љубов во тишина

Можеби изгледа досадно, но препуштањето на страстите во моментите кога не можете да испуштите звук бидејќи во другата соба има гости може да биде спектакуларно.