Мистик не привлече внимание само поради својата визуелна привлечност, туку и поради фактот што замислата и рачната изработка на костимот е целосно од 12-годишната Мила. Од почеток до крај, Мила го креираше костимот со љубов и целосна посветеност, вклучувајќи го и перформансот на дефилето, каде срдечно ѝ се придружи и мимичарот Мето.
„Ова беше неверојатно искуство и сум многу среќна што успеав да го претставам костимот Мистик пред публиката на „Прочка 2024“. Идејата зад костимот беше да го пренесам магичното и позитивното во светот и верувам дека успеав да го постигнам тоа“, изјави Мила Спиркоска за Неозбилно.
Костимот Мистик остана во срцата на посетителите на маскембалот, пренесувајќи порака за радост и љубезност.
На фестивалот можеа да се видат и мажоретките од Кавадарци, стоногалки, кученца далматинци, зомби, пирати, весели тотеми, аватари и што сѐ не, но не беа изоставени и маските кои ја претставија старата некогашна Прилепска чаршија.
Прилепските Мечкари се симболот на „Прочка“ во Прилеп. Тие го отворија дефилето со својата стандардна маска – Мечкари, која традиционално и неизбежно е резидентна секоја година на фестивалот „Прочка“ и е вон конкуренција на маскембалот.
Жирито имаше сериозно тешка задача оваа година. Најпосле, неколку часа по завршувањето на дефилето на маските, ова беше нивната конечна одлука:
- Гран при награда – градинка Наша Иднина, маска: Тутуноберачите
- 1. место – ООУ Рампо Левката, маска: Весела дружина на водното царство
- 2. место – ООУ Добре Јованоски, маска: Мајкл Џексон
- 3. место – ООУ Круме Волнароски Тополчани, маска: Вечна Македонија
- Награда за поединечна маска – Мила Спиркоска – ученичка во ООУ Климент Охридски, маска: Мистик