- Дали сме еднакви?
Нерамнотежата не води до добра љубовна врска и често ги прави несреќни и двајцата партнери. И нема ни да ги задоволите вашите потреби за „поправка“, бидејќи повеќето луѓе не сакаат да бидат поправени. Луѓето сакаат да бидат сакани онакви какви што се, а не онакви какви што некој сака или замислува да бидат. Можеби чувствувате дека помагате, но ако партнерот чувствува дека го гледате како проект, ќе се насобере незадоволство и во одреден момент ќе доведе до распаѓање на врската.
Ако вашиот партнер има пороци, како честа употреба на алкохол, па дури и дрога, покажува агресија во одредени моменти, речиси е сигурно дека не можете да имате позитивно влијание, а разумно за вас е да ја прекинете врската.
- Дали сте заљубени во личноста или подобро кажано во неговиот потенцијал?
Кога создавате нова љубовна врска, важно е да изберете партнер кој веќе мислите дека е прекрасен, во него гледате многу позитивни квалитети кои ги сакате, свесни сте за неговите маани и подготвени сте да бидете со оваа личност на долги стази. Од друга страна, ако замислите каков би можел да биде вашиот партнер откако ќе се обидете да ги подобрите според вашите критериуми, тоа значи дека врската е веќе осудена на пропаст, вие сте осудени на несреќа во таа врска.
- Дали се гледате себеси како херој?
Ако вашите мисли се во насока на тоа колку ќе бидете ценети кога ќе го спасите партнерот до себе и како благодарение на вас ќе го промени својот живот, тоа може да е резултат на вашата длабоко вкоренета желба да бидете потребни.
Колку и да изгледа чудно, давањето навистина може да биде себичен чин. Ако добиете потврда од она што го нудите наместо од тоа кои сте како личност, тоа може да биде проблем за вас. Не мора да бидете нечиј спасител за да ве сакаат. Запомнете дека сте доволно добри сами.
- Дали ви е жал за него?
Запомнете дека љубовните врски не се добротворна организација. Вие заслужувате повеќе! Ако на некој со кого имате симпатии, дури и одредени емоции, му треба некаква помош, а вие можете да помогнете без да ја загрозите сопствената удобност и интереси, помогнете, тоа е во ред. Но, идејата да се посветиме на таква личност тешко дека би била добра. Најдете партнер на кој нема да му требате, бидејќи често даваме енергија таму каде што не е потребна.


