ПРЕДОЗИРАЊЕТО СО НЕКОИ ВИТАМИНИ Е ОПАСНО

Татјана Семенова, доктор по превентивна медицина, физиотерапевт, диететичар и нутриционист на клиниката Биогена, предупредува за опасноста од предозирање со витамини.

Нутриционистот конкретно ги споменува витамините А, Д, Б6, Б12 и ПП. Според неа, премногу витамин А може да предизвика гадење, нарушена функција на црниот дроб и бубрезите и напади, како и оштетување на видот.

Последиците од вишокот на витамин Д се хиперкалцемија и хиперкалциурија, пореметување во транспортот на калиум и магнезиум, рече докторката. Таа предупреди дека тоа може да предизвика гадење, силна слабост, болки во коските и зглобовите.

Семенова додаде и дека вишокот на витамините Б6 и Б12 може да доведе до нарушување на нервниот систем, мускулна слабост и влошување на психо-емоционалната состојба.

Вишокот на витамин ПП може да предизвика топли бранови, гадење, повраќање и аритмија, рече Семенова.