ПРЕГРАТКИТЕ СЕ БОРАТ СО СТРЕСОТ

Прегратките се добри за здравјето, помагаат да се намали стресот и исто така да се заштити телото од болести и инфекции.

Кратка прегратка е доволна за да се намалат симптомите на состојбата, а колку почесто луѓето се гушкаат, толку повеќе се засилува ефектот.

Научниците од Универзитетот Карнеги Мелон во САД спроведоа истражување меѓу 400 луѓе за личните конфликти што ги водат и за видот на поддршката што ја добиваат. Учесниците во студијата биле изложени на вирус на обична настинка и биле ставени во карантин.

Резултатите покажуваат дека луѓето кои уживаат силна поддршка од семејството и пријателите се изложени на помал ризик од инфекции како резултат на стресни ситуации. Прегратките се одговорни за една третина од заштитниот ефект.

Луѓето кои биле поддржани и прегрнати покажале поблаги симптоми на болестите и стресот без разлика на тоа колку биле директно подложени.