Љубовта понекогаш не тера да правиме глупави работи.
Љубовта понекогаш не заслепува за она што треба да го видиме.
Љубовта е најубавото чувство, но многу често тоа го даваме на најнесоодветната личност.
Дали се чувствувате вака?
Како да давате сè за него, заборавате на себе, му ја простувате секоја грешка, му давате уште една втора шанса, а од другата страна… ништо!
Време е да престанете да се лажете – ова не е врската што ќе ве направи среќни!
Не му ја давајте душата, не дозволувајте да си игра со вас! Тој не е вашата сродна душа!
Ако неговата љубов е вистинска, тој секогаш ќе ве стави на прво место. Тој никогаш нема да ве повреди, а ако случајно го стори тоа, веднаш ќе се извини.
Тој ќе ги почитува вашите желби, ќе ги цени сите ваши постапки и што е најважно – ќе ве направи вистински среќни!
Затоа… престанете да давате се од себе на некој што не ве заслужува!