Постојат илјадници приказни. Повеќето луѓе иако се чувствуваат засрамени и лути од својата постапка тие сепак повторно и повторно спијат со своите поранешни партнери. Оваа акција секогаш провоцира збунетост и вознемиреност. Погледнете кои можат да бидат причините кои бе ве натерале да го направите тоа:
- Имате желба за сексуален контакт со некого
Ова е главната причина за многу луѓе. Иако за некои тоа е желба само за лесен физичко допир. Допирањето е од суштинско значење за нашата благосостојба и сексуална интимност така што го зголемува вкупното задоволство од животот и среќата. Кога се допираме ослободуваме мали количини на окситоцин… - Секс за конечна разделба
Ова се случува со многу луѓе кога нивните односи се „комплексни“ и најчесто завршуваат со збунетост. За некои, сексот за разделба води до конечен крај. За други пак уште повеќе ги комплицира работите за понатаму. Често е невозможно да се добие целосен крај, бидејќи врската на овој начин „завршува“ од различни причини и луѓето не секогаш се согласуваат зошто работите имаат таков исход. - Разделбата е помалку сурова
Особено во случај на долга врска. Премногу чудно е одеднаш да исчезне некој кој бил дел од нашиот живот долго време. - Осаменост
Ги чувствувате вашите поранешни партнери како многу блиски луѓе. Создавањето на нови односи бара време. Новиот човек во вашиот живот треба да го запознаете емоционално и физички. Затоа често луѓето се враќаат на „старите“ познати луѓе. Сексот со поранешниот партнер ја ублажува осаменоста за момент, но сепак тоа ги комплицира работите и го успорува процесот за во иднината. Впрочем, морате да се навикнете да бидете сами, дури и за краток период. Во некои случаи, сексот води до крај, но во други случаи доведува до конфузија, болка и негативни емоции.