ПРИЧИНИ ЗОШТО ПЕРИОДОТ БЕЗ СЕКС Е ДОБАР

Повеќе вежбање, повеќе самодоверба
За време на сексот, жените можат да бидат крајно несигурни за своето тело , прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што може лошо да влијае на нивната самодоверба.
Периодот без секс може да ги промени вашите приоритети, па слободното време време ќе можете да го искористите за вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма дефинитивно ќе ја зголеми вашата самодоверба.

Истражување на сопственото тело
Периодот без секс може да биде одлична можност за истражување на сопственото тело. Од мастурбацијата најмногу можат да придобијат оние кои никогаш (или ретко) не доживеале оргазам за време на сексуалните односи со партнерот. Па, сега можат да откријат што ги возбудува, а што не, и кои допири всушност им се допаѓаат.

Нема страв од бременост
Животот во двојка, и покрај своите предности, понекогаш знае да биде многу заморен. Партнерите треба да се координираат меѓу себе и да прават компромиси. Сексот е важна тема за дискусија, но неминовно е да се дојде до расправија ако имате различни желби. Доколку сѐ уште не сте спремни да станете родители, во периодот без секс вие ќе бидете ослободени од ставот од несакана бременост.

Повеќе ќе го цените сексот
Времето поминато без секс ќе ве научи повеќе да го цените сексот. Откако ќе помине овој период, интимните мигови „меѓу чаршафите“ ќе биде поинтензивни, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле истражувајќи го сопственото тело.