Некои студии заклучија дека пиењето чаша црвено вино секој ден може да има бројни здравствени придобивки.
Црвеното вино содржи ресвератрол, моќно полифенолно соединение кое му помага на телото да се ослободи од слободните радикали и токсините.
Слободните радикали, меѓу другото, се во голема мера одговорни за разградувањето на колагенот и слабеењето на еластичноста на кожата.
Состојките во црвеното вино можат да го забават процесот на стареење, а исто така се ефикасни и за детоксикација на кожата.
Според истражувањето на израелскиот институт за технологија, црвеното вино се покажало како добро за срцето и кардиоваскуларниот систем. Умерено консумирање црвено вино за еден месец може да ја подобри циркулацијата.
Темните дамки на кожата, кои се повидливи како што старееме и често се предизвикани од сончевите зраци, може да се ублажат со пиење црвено вино. Овој пијалок содржи полифеноли, антиоксиданси кои можат да ги ублажат овие промени на кожата.
Виното може да го ублажи и намали стресот и чувството на напнатост, но само ако консумираме една чаша дневно.
Некои студии заклучиле дека луѓето кои пијат црвено вино спиеле подобро од оние кои не пијат.