ПРИФАТЕТЕ ГИ ОВИЕ 5 НАВИКИ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

1. Правило 30-3 – Ако седите долго време, пробајте го правилото 30-3, кое ќе ви помогне да се активирате за време на паузите. Направете потсетник на вашиот телефон што ќе ве потсетува на секои 30 минути да станувате и да пешачите следните 3 минути. Освен што ќе го активирате телото, ќе го исправите грбот и ќе ја зајакнете циркулацијата, ќе можете да го тргнете погледот од компјутерот, да го исчистите умот и да ги одморите очите.

2. Јога на канцелариски стол – болката и вкочанетоста во вратот обично се резултат на долго седење секој ден. За да ја намалите болката во грбот и вратот, искористете ја вашата пауза за да вежбате јога на стол. Поволно делува на здравјето, го подобрува држењето на телото, го зголемува расположението и енергијата, го подобрува дишењето и фокусот, го намалува стресот. Најдете јога пози на интернет кои можете да ги практикувате во канцеларија и да направите нешто добро за вашето тело и ум.

3. Правилото 20-20-20 за одмор на очите – За да ги ослободите очите од гледањето во екранот, обидете се со таканареченото правило 20-20-20. На секои 20 минути, треба да правите пауза од 20 секунди така што ќе ги тргнете очите од екранот и ќе погледнете во далечината, кон нешто оддалечено најмалку 6 метри. Се препорачува да се погледне низ прозорецот.

Пекарските печива и грицките заменете ги со здрав оброк – Недостатокот на време често предизвикува да јадеме брза храна, слатки, грицки или колачи на работа.

5. Намалете го внесот на кофеин – Кога енергијата паѓа, поспаност и недостаток на концентрација, многумина се одлучуваат за шолја кафе. Прекумерното консумирање кофеин негативно влијае на здравјето, па можете да изберете поздрави алтернативи за будење. Наместо да посегнете по уште една шолја кафе среде работа, изматете златно млеко со куркума, вода со лимон, чај од ројбос или смути од банана.