Кинески мудрец шетал во природа. Одеднаш покрај него поминал еден млад човек, трчајќи толку брзо што го турнал. Тогаш мудрецот не можел да се воздржи и го прашал:
- За што се брзаш толку човече?
- Жал ми е за несреќата, но брзам бидејќи сум многу зафатен со наоѓање на смислата на мојот живот. Не можам да губам драгоцено време одложување додека не стигнам до тоа!
- Не си прв ко јја бара смислата на животот. Познав уште една таква личност која целиот свој живот го посвети на оваа кауза.
- И што се случи со него? Дали на крајот успеа да ја најде? – прашал избрзаниот млад човек.
- Да, ја најде, непосредно пред да умре. Но, тој успеа да ни го открие тоа на неколкумина од нас кои во тој момент бевме во негова близина.
- А која е смислата на животот?
- Смислата на животот лежи во изборот… – споделил мудрецот.
- Ви благодарам за брзиот одговор! – рекол младиот човек и повторно јурнал напред.
-…во изборот дали да го живееш својот живот и да го цениш секој момент или да талкаш со години барајќи го неговото значење…