ПРИКАЗНА ЗА СВЕКРВАТА КОЈА ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ

Следниве редови дефинитивно ќе ве натераат да размислите:

Една девојка се омажила и заедно со сопругот живееле во куќата на неговата мајка. И се случило, како што често се случува – младата снаа не можела да ги издржи постојаните прекори на нејзината свекрва. Решила да се ослободи од неа и отишла кај билкар кој бил пријател на нејзиниот татко.Таа му се пожалила и го прашала:

  • Не можам повеќе да живеам со свекрва ми. Тоа ме полудува, а тој постојано се жали. Не можеш да ми помогнеш? Добро ќе ти платам.
  • Што можам да направам за тебе? – прашал билкарот.
  • Сакам да ми продадеш отров. Ќе ја отрујам свекрва ми и ќе се ослободам од сета болка и нервоза. – одговорила снаата.

По долго размислување билкарот рекол:

  • Добро, ќе ти помогнам, но треба да бидеш свесна за две работи.

Прво, не можеш веднаш да ја отруеш свекрвата затоа што луѓето ќе се сетат што се случило. Ќе ти дадам билки кои постепено ќе ја убијат, а никој нема да знае дека си ја отрула.

И второ, за конечно да го избегнеш хорот на сомнежите, мора да го скротиш твојот гнев, да научиш да ја почитуваш, да ја сакаш, да ја слушаш и да бидеш трпелива. Тогаш никој нема да се посомнева во тебе кога свекрвати ќе умре.

Снаата се согласила, ги зела тревките и почнала да ги додава во храната на свекрвата. Освен тоа, научила да се контролира, да ги слуша зборовите на мајката на нејзиниот сопруг, да ја почитува.



И кога видела свекрвата како се сменил ставот на снаата, ја засакала со целото свое срце. Почнала да им кажува на сите дека нејзината снаа е најдобра, дека може само да се сонува за таква како неа.

Поминало неполна година и врската меѓу двете жени стана блиска, како мајка и ќерка.

Во еден момент девојката повторно пошла кај билкарот и почнала да го моли:

  • Те молам спаси ја свекрва ми од отровот што и го давав! Не сакам да ја убијам. Таа стана најубавата и најдобрата свекрва на светот и многу ја сакам.

Билкарот се насмевнал и одговори:

  • Не грижи се девојче, не ти дадов никаков отров. Само ти дадов различни зачини и чаеви. Отровот беше само во твојата глава и вие двете сами успеавте да се ослободите од него.

Истото важи и за повеќето наши проблеми. Тие се отровот што ни го загорчуваат животот. Но, отровот што постои само во нашата глава…