ПРИРОДЕН РЕЦЕПТ ЗА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ

Ви нудиме природен рецепт кој може да ја намали болката во зглобовите. Куркумата содржи соединение наречено куркумин, кое има антиинфламаторни својства, додека медот има антибактериски својства и може да помогне во ублажување на болката.

Потребни производи:

1 лажичка куркума

1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Убаво измешајте ги куркумата и медот додека не добиете хомогена смеса.

Како да се користи:

Подготвената смеса додадете ја во чаша топла вода, добро промешајте да се раствори добро, па испијте на празен стомак.

Овој пијалок може да се пие еднаш дневно. Резултатите можеби нема да бидат моментални, па затоа треба редовно да го пиете подолг временски период за да го постигнете саканиот ефект.

Важно: Доколку болката продолжи или се влоши, се препорачува да се консултирате со лекар.