ПРИРОДНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ПРОБАТЕ

Маска со смокви и тиква

Оваа комбинација е одлична за секаков тип на кожа. Потребни ви се неколку зрели смокви и исто количество на сирова тиква и неколку капки есенцијално масло од роза. Пасирајте ги смоквите, изрендајте ја тиквата, убаво измешајте со маслото и убаво и внимателно нанесете на кожата. Оставете да отстои 5 или 10 минути, а потоа измијте. Вашата кожа ќе биде убава, освежена и сјајна.

Пред да ги нанесувате маските, препорачливо е вашето лице да биде убаво измиено. Исто така, пред да ги нанесете проверете дали имате некакви алергии на состојките.