Маслиново масло
Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.
Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.
Јаболков оцет
Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.
Доколку имате осетлива кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.
Алое вера
Се препорачува 2-3 часа пред миење на косата, да ја измасирате главата со алое вера. Ова помага да се ослободите од првутот, а го зајакнува и коренот на влакната.


