„ПРОЧИТАЈТЕ ГИ“ НА ВРЕМЕ: ОВА СЕ ЈАСНИ ЗНАЦИ ДЕКА МАЖОТ НЕ САКА ДОЛГА ВРСКА

Мажите често испраќаат сигнали и знаци на жените дека не се подготвени за врска, но жените обично не ги гледаат или едноставно намерно ги затвораат очите пред тој факт.

Тие всушност сакаат да имаат девојка, но не се подготвени емотивно да попуштат до крај – не сакаат љубов, туку површна врска.

Доколку не сакате таков маж покрај вас, обрнете внимание на овие знаци.

Тој не зборува за иднината

Ако навистина сака да воспостави емотивна врска со вас, сигурно во одреден момент ќе се запраша дали можеби се гледате со некој друг.

Ако вашата врска трае неколку месеци, а тој не иницира таков разговор, веројатно не му е грижа дали се гледате со друга личност. Тој го гледа ова како можност за него да има право на избор, да сака да биде слободен и да смета дека имате неформална врска.

Тој е постојано зафатен

Сите ние живееме бурен начин на живот, но тоа не е оправдување некој да не ви пишува по цел ден и да ве праша како сте.

Ако се грижите за некого, сигурно ќе најдете начин и време да му се посветите. Ако тој тоа не го прави тоа е знак дека тој всушност не се грижи доволно.