Алцхајмеровата болест е карактеристична за староста и обично првите симптоми се појавуваат по 65-та година од животот. Претежно во осумдесеттите години. Симптомите на Алцхајмерова болест се на почетокот лесни, а потоа постепено се зголемуваат.
Луѓето кои страдаат од оваа болест може да имаат потешкотии во извршувањето на секојдневните активности што не им претставувале проблем во минатото. Сè повеќе, тие имаат потреба од потсетници, но и потпирање на другите членови на семејството, од кои во одреден момент ќе станат целосно зависни.
Најчестите симптоми на Алцхајмерова болест се:
- Влошување на меморијата
- Нарушување на спиењето
- Губење на можноста за водење разговори
- Намалена концентрација
- Губење работи или оставање на необични места
- Послаби реакции на личноста кон околината
- Тешко планирање
- Тешка работа со броеви
- Тешкотии со просторна ориентација
- Тешкотија при читање и пишување
- Повлекување од социјални активности
- Намалена способност за прилагодување
- Конфузија
- Почесто се менува расположението
Семејството и непосредната околина треба да имаат разбирање за честите промени во расположението, депресијата и вознемиреноста кај луѓето со Алцхајмерова болест. Причините лежат во чувството на страв и конфузија што следува кога човекот ќе забележи дека веќе ја нема истата способност како порано и дека зависи од другите.