ПСИХОЛОШКИ ПРИЧИНИ ЗОШТО СЕ ЗАЉУБУВАМЕ

Додека некои фактори за заљубување се биолошки по природа, како мирисот, некои се однесувањето, како говорот на телото. Љубовта е мистериозна и со години е најчест предмет на истражување. Според истражувањето, хормоните, интересите и начинот на воспитување можат да влијаат кога и во кого ќе се заљубиме. Бидејќи партнерот игра значајна улога во долгорочното здравје, среќа, па дури и успех во кариерата, научниците се обидуваат да откријат кои се психолошките фактори зошто се за заљубуваме во некого.



  1. Сличноста со партнерот на родител: Истражувањата покажаа дека избираме партнери кои личат на наши родители.
  2. Мирисот е важен: Студија на Универзитетот во Калифорнија покажа дека жените избираат мирис на маици што ги носат мажи со поголема количина на тестостерон.
  3. Јазикот на телото влијае на привлечноста, па затоа оние луѓе кои го држат торзото и рацете во отворена положба при одење, стоење или седење се попривлечни.
  4. Продолженото гледање во очи, во просек две минути, влијае на зајакнување на врската и чувствата помеѓу партнерите.
  5. Според студиите, сопствениците на кучиња се попривлечни за другиот пол.
  6. Партнерите се привлекуваат и врз основа на физичкиот изглед, па најчесто ќе се заљубиме во подеднакво убав партнер, колку што мислиме дека сме.
  7. Музичарите генерално се попривлечни за жените, покажаа француските студии.
  8. Жените кои носеле црвено имале поголем број додворувачи во едно словачко истражување.
  9. Насмеаното лице и општиот оптимизам изгледаат многу попривлечни за спротивниот пол.