РАБОТИ КОИ НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГИ СТАВАТЕ НА ВАШЕТО ЛИЦЕ

Кожата на лицето е многу нежна и има одредени разлики во нејзината текстура и онаа на кожата на остатокот од телото. Затоа мора да бидете многу внимателни со тоа што ставате на неa. Тоа што користите некои производи на кожата на телото не значи дека можете да ги нанесувате и на лицето, без разлика дали се природни и здрави.

Кои се работите кои никогаш не треба да ги ставате на вашето лице?

Маслиново масло
Маслиновото масло е познато по своите корисни својства, кои ги должи на омега-3 масните киселини во неговиот состав. Исклучително е корисен за кожата, но не е добро да се нанесува на лицето.

Маслиновото масло има многу тешка и густа текстура, што долгорочно може да предизвика затнување на порите, а тоа може да доведе до проблеми со лачењето на лојните жлезди, порите, дури и создавање услови за појава на мозолчиња и акни.

Оцет
Иако оцетот има бројни придобивки за кожата и убавината, тој е премногу груб за да се стави на лицето. Можно е да предизвика црвенило, иритација, воспаление, особено ако се нанесува директно без разредување.



Оцетната киселина делува како тоник и има својство да го осветлува и разјаснува тенот. Ова помага да се отстранат пигментните дамки и изморената кожа. Ако одлучите да користите оцет на вашето лице, важно е да го разредите со вода во сооднос во корист на вода.


Мајонез
Мајонезот е богат со масти кои длабински ја негуваат и хидрираат кожата. Но, како и маслиновото масло, не е погодen за нанесување на лицето, бидејќи има тешка и густа структура која ги затнува порите и создава услови за проблематична кожа.

Лосиони и креми за тело
Производите наменети за телото не треба да се користат на лицето. Причината е што секоја област на кожата има свои специфики и врз основа на тоа се развиваат формулите на различните производи. Секогаш користете производи кои се специјално формулирани за кожа на лицето.

Спреј или лак за коса
Кога нанесувате спреј или лак за да ја наместите фризурата, внимавајте да не ви се појават овие производи на лицето. Тие можат да имаат сериозно дејство на сушење што може да предизвика иритација, алергии, воспаленија, затегнатост на кожата и да и даде уморен изглед.