Растенијата во домот секогаш му даваат поголема удобност. Иако сме навикнати да ги имаме во речиси секоја просторија, забораваме на нивната моќ. На пример, постојат растенија што привлекуваат среќа и љубов во домот, други го прават воздухот почист. Има и такви кои ни помагаат да го намалиме стресот и вознемиреноста, погледнете кои се тие:
Драцена
Многу растенија од родот Dracaena имаат позитивен ефект врз здравјето, како што е Dracaena reflexa, позната по своите својства за чистење на воздухот во затворените простории. Драцената чии лисја имаат прекрасни виолетови линии, промовира релаксација и помага во намалување на стресот.
Лаванда
Има пријатна арома и прекрасни виолетови бои. Постојат голем број на придобивки од одгледувањето на лаванда дома. Во прилог на тоа се бркањето на комарци во текот на летото, растението може да го подобри спиењето и да помогне при вознемиреност, нервоза, анксиозност, депресија. Лавандата не бара многу вода и посебна грижа и е совршена за на прозорецот или ноќната масичка.

Јасмин
Друго растение што можете да го одгледувате дома или во градината за добро расположение и помал стрес е јасминот. Грмушка што цвета со многу убави бели и жолти цветови што ја сака сончевата светлина.
Рузмарин
Зимзелената билка со иглолисни лисја потекнува од Медитеранскиот регион и може да има бели, сини или виолетови цветови. Најчесто го користиме за подготовка на миризлив компир, сочно месо. Рузмаринот е погоден за одгледување во затворени простории и на отворено, бара умерени количини на светлина и влажност. Билката се користи во ароматерапијата и може да се користи за правење чај.