- “Како се чувствуваш?”
На овој начин покажувате дека ве интересираат неговите чувства, дека се грижите да знаете каква е неговата внатрешна состојба. И од ова следат прашањата – Може ли некако да ти помогнам?; Што можам да направам за да се чувствувате подобро?; Дали сакате да зборувате повеќе за тоа?; Што би ве направило посреќно? Со овие реченици можете да му кажете дека сте тука за него, дека сакате да бидете среќни заедно и дека сте подготвени да слушате. - “Те поддржувам!”
Покажете му на партнерот дека го поддржувате на патот кон остварување на неговите соништа. Нагласете дека сте горди на него, дека верувате во неговите способности, дека сте подготвени да го поддржите и помогнете, дека сте неговиот ветер во грбот. Партнерите кои меѓусебно се поддржуваат и се охрабруваат да се развиваат, секако имаат повеќе шанси да останат заедно и да ја подобрат својата врска. - “Те сакам!”
Секој сака да слуша дека се посакувани и сакани, дека им се допаѓа на нивната сакана. Во долгите врски, за жал, оваа потреба да се зборува за емоции и привлечност често опаѓа. Избегнете ја таа грешка и кажете му на партнерот дека сте привлечени , зборувајте за вашите емоции, страсти, потреби, желби… На овој начин го подобрувате емотивниот и сексуалниот аспект на вашата врска.
РЕЧЕНИЦИ КОИ МАЖИТЕ САКААТ ДА ГИ СЛУШНАТ ОД СВОЈАТА САКАНА ЖЕНА!

