РОДИТЕЛИТЕ МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ НА НАШЕТО РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ЉУБОВТА И СЕМЕЈСТВОТО!

Клиничкиот психолог Ребека Берген објаснува дека ние всушност ги интернализираме примерите околу нас и ги применуваме во нашите сопствени животи.

Таа вели дека родителите можат да влијаат на нашето размислување за љубов и партнерства на четири начини.

Родители кои ги запоставуваат своите деца

Занемарувањето на децата од страна на родителите доведува до тоа децата да станат несигурни во себе и своите способности кога станува збор за љубовните врски.

Ваквото однесување на родителите кон своите деца може да доведе до зголемена потреба за внимание кај другите луѓе. Луѓето кои биле запоставени од нивните родители, честопати го бараат вниманието што им недостасува од своите партнери.

Занемарувањето исто така може да создаде потреба детето да биде цело време со својот партнер, што е поврзано со страв од напуштање. Тешко им е да стекнат доверба во партнерот и претежно остануваат во нездрави врски.

Негирање на емоциите

Ако вашите родители не покажуваат емоции кон вас или ги игнорираат, тоа може да влијае на начинот на кој покажувате љубов кон вашиот партнер. Д-р Берген објаснува дека ако родителот никогаш не прегрне или бакне дете, тоа може да создаде аверзија кон ваквите постапки кај детето. Таквите луѓе ретко знаат да му покажат чувства на својот партнер и имаат проблеми во комуникацијата со него.

Разведени родители

Растењето со разведени родители може да ве натера да се сомневате во вашата врска подоцна.

Таквите луѓе обично ја губат вербата во бракот. Со оглед на тоа што децата растат со разведени родители, две сценарија се можни – или стануваат крајно претпазливи кон своите партнери или „заглавуваат“ во врска, но исто така и многу бргу ја завршуваат.

Внимателни родители

Вниманието од родителите може да ве направи поотворени кога станува збор за љубовна врска.

Според едно истражување, децата кои не добиваат внимание од своите родители имаат голема веројатност да имаат проблеми во однесувањето. Детскиот психолог и експерт за родители Ванеса Лапоинт истакнува дека љубовта што ја добиваме од луѓе што ни се важни служи како рамка за тоа како треба да биде љубовта.

Ако родителите се емотивно достапни, веројатно е дека нивните деца ќе бидат поотворени кога станува збор за покажување чувства, изразување мислења и наклонетост кон нивниот партнер.