САКАТЕ ДА ОСЛАБИТЕ? ПРОБАЈТЕ ЈА ДАНСКАТА ДИЕТА!

Не станува збор за типична диета туку за начин со кој ќе се поттикне организмот побрзо да ги согорува мастите и да го исфрла вишокот на течности, и токму поради тоа диетата продолжува да делува и по завршувањето на програмата од 13 дена. Ако правилно се придржувате на диетата можете да го изгубите вишокот на телесни маснотии и тоа, (во зависност од почетната тежина), во распон од 7 па до неверојатни 20 кг!

Воведни напомени:

– Планот за диетата мора да се следи точно 13 дена и мора да се придржувате до намирниците и оброците како што се наведени. Не треба да се консумира ништо што не е наведено на листата.

– Ако во текот на диетата на пример испиете едно пиво или чаша вино, џвакате гума за џвакање или јадете некоја храна која што не е наведена, морате веднаш да ја прекинете диетата бидејќи нема да имате никакви резултати. После тоа диетата може да се повтори дури по 6 месеци, никако порано.

– Ако правилно сте ја издржале диетата, точно 13 дена, не треба да ја повторувате најмалку една година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.

– Кога ќе почувствувате глад напијте се вода (најмалку 2 литра дневно).

– Кафето може да се замени со чај.

– Морате да користите шеќер во коцки.

Речиси секој ден се јаде посебна салата така што можете да ја подготвите и за неколку денови однапред. Еве го рецептот…

Салата:

Исечете:

– 1 кг. моркови

– 1 кг. бела зелка

– 1 црвена пиперка

– 1 зелена пиперка

– 1 праз

За прелив:

– 1 дл. Масло

– 1/2 дл. јаболков оцет

– 1/2 лажичка шеќер

– 1/2 лажичка сол

Измешајте ги убаво сите состојки и прелијте ги преку салатата. Оставете да отстои еден час. Промешајте повремено.

Салатата можете да ја чувате во соодветен пластичен сад во фрижидерот . Може да ја чувате најмногу една недела. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половината од горе наведената количина.

Данска диета – Мени за секој ден

Ден 1

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат

Вечера – 1 голема шницла (230 гр.), салата

Ден 2

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 1 парче шунка, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 голема шницла, салата

Ден 3

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата

Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 4

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење

Ден 5

Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон

Ручек – 1 големо парче варена риба (бакалар, шкарпина, околу 230 гр.) со лимон и малку путер

Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер

Ден 6

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков

Вечера – 1/2 пилешко на ражен без кожа, салата

Ден 7

Појадок – 1 шолја чај без шеќер

Ручек – НИШТО

Вечера – 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје

Ден 8

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата

Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 9

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт

Вечера – 1 голема шницла, салата, овошје

Ден 10

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата

Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 11

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 1 литар џус, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење

Ден 12

Појадок – 1 голем изрендан морков со лимон

Ручек – 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер

Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер

Ден 13

Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост

Ручек – 2 варени јајца, една голем изрендан морков

Вечера – 1/2 пиле на жар без кожа, салата