СÈ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД ЕДЕН ДЕН!

Никогаш не престанувајте да верувате во добриот и среќниот крај!

Дури и ако се чувствувате очајни токму сега, дури и ако сакате да се скриете од целиот свет, дури и ако ве боли умот… Никогаш не се откажувајте!

Во овие моменти, сè што ни треба е верба дека доаѓа нешто подобро.

Претворете ги негативните мисли во позитивни. Не се предавајте на очајот, но запомнете дека СЕ ЌЕ БИДЕ ОК!

Знам дека кога човек е во тежок период, само мисли на болката што ја чувствува, на лошите работи кои му ги исполнуваат деновите и постојано се прашува: „Зошто јас?“

Знам затоа што и самиот сум го поминал тоа, и повеќе од еднаш. Тешко е, тешко, но нема да биде така!

Сонцето повторно ќе изгрее во вашите денови, верата ќе ви се врати во душите и љубовта ќе ви ги стопли срцата!

Размислете за сите работи што ги имате во вашиот живот. Ако најблиските се покрај тебе, ако има кој да ти помогне и да ти подари љубов, ако имаш покрив над глава, ако имаш храна на масата – благословен си!

Размислете за овие работи и никогаш не заборавајте ги!

Повторете и верувајте дека СЕ ЌЕ БИДЕ ОК!