Те сакав!
Ти го дадов срцето и душата без да размислувам што можеш да направиш со нив.
Верував дека кога ќе ја дадеш љубовта на друга личност, таа ќе ја цени и ќе ти возврати.
Очигледно бев премногу наивна, бидејќи искрено верував дека нашата љубов ќе биде како онаа во филмовите – искрена, вистинска, вечна.
Па, не се случи така…
Не само што не ги ценеше сите работи што ги направив за тебе, туку и што се запоставив себеси заради нашата врска. Но, дури и тогаш ти реши дека ова е малку и дека треба да ми забиеш нож во грб.
Ме изневери, ми го скрши срцето на парчиња, ме повреди…брутално.
Не сакам да се сеќавам на времето што го поминав во солзи и жалење. Тоа е минато.
Продолжувам понатаму и знам дека ќе ми биде подобро без тебе!
И никогаш, ама баш никогаш не ти го посакувам тоа што го доживеав!
Се надевам дека ниту една жена никогаш не те повредила толку силно како што ти мене…