Потењето во сон е појава која се случува цела година, без разлика на временската температура. Една од основните причини за тоа е стресот. Оваа непријатна појава која влијае и на несоницата може да се санира со помош на жалфија.
Оваа билка делува така што на организмот му ги одзема сите материи кои предизвикуваат потење ноќе.
Рецепт:
10 грама жалфија, секое утро потопете ги во вода. Оставете ја покриена да отстои 5 минути.
Процедете и испјте го “лекот“ на празен желудник.
Оваа терапија трае еден месец, а потењето за тоа време треба да престане.