Мигрената често се дијагностицира доцна, а луѓето кои страдаат од неа несвесно прават работи кои ја предизвикуваат.
Новата студија на научниците од Националниот институт за здравје во Мериленд, САД, разгледува неколку начини за попрецизно предвидување кога ќе се појави мигрена – со користење на мобилни апликации за следење на факторите кои влијаат како што се спиењето , енергијата, емоциите и стресот . Тие откриле два главни фактори кои драматично ги зголемуваат шансите за напад на мигрена – слаб сон и стрес.
Несоницата речиси гарантира болна главоболка следното утро. Во исто време, стресниот ден ги зголемува шансите да страдате од мигрена во вечерните часови.
Истражувањата покажуваат дека легнувањето во исто време секоја вечер и барем седум и пол часа добар сон може драматично да ги намали шансите за добивање мигрена.
Некои превентивни мерки што едно лице може да ги преземе вклучуваат контролирање на стресот колку што е можно, бидејќи кортизолот се покажа дека игра клучна улога во почетокот на миргена.
Се проценува дека 15 до 18 отсто од жените и шест отсто од мажите имаат мигрена, но само околу четвртина од нив ја добиваат вистинската дијагноза и третман на време.
Учесниците, исто така, секојдневно биле оценувани за нивниот квалитет на спиење со монитори кои ги следеле во текот на ноќта
Научниците забележуваат дека депресијата не предизвикува напад на мигрена, за разлика од стресните ситуации.