СЕ ВО СВОЕ ВРЕМЕ- НЕ ГО ГУБЕТЕ ТРПЕНИЕТО!

Некој дипломирал на 23-годишна возраст, а потоа бара работа дури и по три години.

Некои сѐ уште се сами, а други веќе имаат семејство и деца.

Макрон стана претседател на 39 години, а Роберт Мугабе на 63 години.

Шумахер стана шампион на 25 години, Нино Фарино победи на првата трка на 44 години.

Ворен Бафет стана милијардер на 56 години, а Цукерберг на 23 години.

Кајли Џенер стана најмладата милијардерка во 21 година од животот, оставајќи ги далеку зад себе сите млади мажи милијардери.

Познатиот ирски пивар Артур Гинис имал 21 дете на 56-годишна возраст, а Џоорџ Клуни за првпат стана татко на 55-годишна возраст.

Секој на овој свет ја води својата трка и оди по својот пат, во свое време.

Времето е различно за секого.

Кога ќе размислите за тоа, сè во светот се одвива во својата временска зона.

Вашите пријатели можат да бидат пред вас, а некои и да останат зад вас.

Сето тоа е природно.

Секој живее во својата временска зона.

Не треба да завидувате и да се споредувате со другите, бидејќи тие се во нивната временска зона, а вие сте во вашата.

Животот е момент, чекајќи ја вистинската можност да се оствари.

И така, опуштете се и уживајте.

Не доцните!

Не сте ни подраниле.

Едноставно е, сѐ се случува во свое време!

Не го губете ТРПЕНИЕТО!