Нутриционистите тврдат дека ако изедете 30 грама младо сирење пред спиење, поголема е веројатноста да ги изгубите насобраните килограми. Марија (46) го послушала овој совет и успеала да ослабе дури 3 килограми за еден месец. Салото на стомакот со кое се бореше со години беше целосно исчезнато.
Како младото сирење влијае на метаболизмот и слабеењето?
Одговорот на ова прашање го дале нутриционистите, а позитивен ефект покажала студијата спроведена во „British Nutrition Journal“.
Имено, ова истражување докажало дека само 30 грама протеини, кои во голема мера ги има во сирењето, половина час пред спиење, ги зајакнува мускулите, го забрзува метаболизмот, но и позитивно влијае на здравјето на целиот организам.
“Младото сирење содржи високо ниво на протеини и калциум. Протеините ги градат мускулите и се важни и за професионалните спортисти и за луѓето кои сакаат да изгубат тежина. Калциумот е важен за секој постар од 30 години бидејќи помага во одржување на коскената маса”, вели Ешли Ривер. нутриционист и додава дека полномасната верзија на сирење е подобра од онаа со низок процент на маснотии бидејќи содржи здрави масти кои му се неопходни на нашиот организам.
Затоа, ако сакате да ја доведете линијата во ред, јадете по едно парче младо сирење секоја вечер. Со корективна диета и лесна физичка активност резултатите нема да изостанат.