Некои девојки се возбудуваат повеќе за време на нивниот менструален циклус и обично тогаш имаат поголема желба за секс. Истражувањата покажуваат дека гледано од биолошки аспект, тоа е логично да се случи, бидејќи циклусот е периодот веднаш после овулацијата, односно кога жената е плодна. Од зголеменото ниво на женскиот хормон прогестерон, во нејзините гениталии се собира повеќе крв, што обично помага за полесно возбудување.
Притоа, не е вистина дека „сé ќе биде валкано“. Една од најважните причини зошто луѓето не сакаат да водат љубов за време на менструалниот циклус на жената е дека не сакаат да се извалкаат или да имаат хаотична ситуација наместо да уживаат во сексот. А ако вашата грижа се флеките на чаршафот, тогаш користете крпа или водете љубов под туш.
Истражувањата покажуваат дека жените кои имаат секс за време на циклусот имаат поголема самодоверба во врска со изгледот на телото и подобри сексуални искуства.