Има луѓе… Онака доволно е само да те погледнат и денот да ти тргне на убаво. Кога ќе се насмевнат да ти да ти ја дадат цела инспирација на светот за да ја напишеш најромантичната поема… Има луѓе да… Таков е нашиот заболекар во соседната канцеларија. „Добро утро комшике“… и така се започнува… ја чувствуваш крвта како ти поминува низ вените, кожата се наежува а насмевката… Насмевката се растегнала од уво до уво и не за друго де, за да се прашуваш подоцна дали си претерала, дали изгледало глупаво или едноставно дали имаш кармин на забите… „Добро утро комшија“ возвраќаш со тивок, треперлив глас и со помислата ајде уште два чекори до мојата врата и да се сопнам внатре нема да е толку погубно отколку да се струполам пред него. И така се додека младиот и страшно секси заболекар си ја брка својата работа ти седиш и се прашуваш зошто денес некако ти е малку повеќе мокро на долните спратови… Кај мокро па и жешко… До времето ќе да е… И ова времево не е како што беше некогаш! Пролет ли е, зима ли е, љубов ли е… А тие очите па… зелени, зелени абе незнаеш дали се смарагди па да си ги ставиш на врат или е апсинт па да ги испиеш… А рацете… долги, танки, нежни… Замислуваш како ти влегува со бушалката во уста и наеднаш те фаќа паника да не ти протечат лиги… Што од него, што од чакрите што ти ги отворил….
Посветено од комшивките на првиот спрат до заболекарот со зелените очи.