„СЕКСТИНГОТ“ Е ШТЕТЕН!

Модерното време донесе и модерен начин на комуникација. Многу млади луѓе избираат еротско допишување со своите партнери, популарно наречено „секстинг“.

Несакан „секстинг“

Многупати секстањето се одвива меѓу личности што физички се немаат сретнато. Од една страна анонимноста ги прави посигурни и порелаксирани, но од друга страна може да биде подеднакво стресен како и кога во реалноста сте присилени да правите нешто што не сакате.

Притисок од партнерот

Бидејќи на некој начин ова е сексуално задоволување, но без физичко присуство, може да се случи едниот од партнерите да почувствува притисок дека мора да испрати своја секси фотографија или да врати со иста мера, дури и кога не е расположен за тоа.



Намалена самодоверба

Многубројните филтри и ефекти на Инстаграм и Снепчет нè прават поубави во наши очи, но тоа всушност е целосно искривена слика и далеку од реалноста. Некогаш тоа може да предизвика проблеми со самодовербата.

Чувство на небезбедност

Размената на фотографии носи и ризик истите да бидат зачувани или препраќани, а пораките покажувани меѓу пријателите. Во ваквите ситуации довербата, безбедноста и дискрецијата се клучни, но ризикот секогаш постои, особено ако дојде до конфликт меѓу партнерите.