Ефективната сензуална масажа вклучува многу повеќе од брзо триење на грбот и вратот. Следниве совети ќе ви помогнат да ги совладате основните техники на масажата, а во исто време ќе научите како да го релаксирате вашиот партнер и да му подарите неверојатно уживање:
Подгответе ја атмосферата. Колку попријатна и поопуштена атмосфера, толку подобра масажа и поголема релаксација.
Не започнувајте без масло за масажа. Користењето на масло го намалува триењето и ја олеснува масажата, а во исто време има релаксирачки ефект.
Вашиот партнер треба да е соблечен и да му бидат покриени со крпа или чаршаф само оние делови кои нема да бидат масирани. Многу е важно до вас да имате чаршаф или крпа со кои ќе ги покривате измасираните делови за тие да ја зачуваат топлината.
Површината на која ќе лежи вашиот партнер не треба да биде премногу мека. Добро место за масажа е подот. Постелете ќебе и врз него долг чаршаф или крпа за да не го извалкате ќебето со масло. Не заборавајте да поставите перници под неговата глава и глуждовите (кога тој лежи на стомак). Ако лежи на грб, поставете ги перниците под неговата глава и под колената.
Вашиот партнер треба да биде релаксиран. За таа цел, собата треба да биде чиста и затоплена, а препорачливо е да пуштите релаксирачка музика и/или да запалите миризливи свеќи. Исклучете ги и вашите телефони за да не ве вознемируваат.
Масажата не треба да се прави веднаш по јадење.
Дајте му на партнерот да се напие вода и чувајте чаша со вода до вас која ќе му ја дадете по масажата. Многу професионалци тврдат дека масажата ги придвижува токсините низ телото и дека тие полесно се исфрлуваат со помош на водата.
Кожата на вашиот партнер треба да биде чиста, без акни или рани.