Љубовта е нешто без кое ниедна врска не би можела да опстане. Но, таа не е единствената работа на која се заснова врската. На почетокот е прекрасно, страсно, занесено и возбудливо, но со текот на времето станува сè понедоволно за врската да се гради и да се развива во подлабок правец.
Кога љубовта е заматена од страв и неизвесност, недовербата е трајно вградена. Тоа е една од главните и најчестите причини за влошување на односите и разделба.
Довербата во односите воопшто е многу важна за среќни, долготрајни и здрави односи меѓу двајца партнери. Затоа во многу случаи довербата се покажува многу поважна од самата љубов.
Довербата тешко се заработува, но лесно се губи. Секој има свои стравови за тоа дали може или не да му верува на својот партнер. Постојат многу причини за недоверба. Често се испровоцирани од искуства од детството или поради неуспеси во љубовта, болки кои оставиле длабоки рани кои не зараснуваат лесно. Да се има доверба во врската е нешто што понекогаш навистина е поважно од самата љубов.
Зошто довербата е толку важна за односите?
- Довербата и љубовта одат рака под рака.
Без доверба, љубовта секогаш исчезнува, дури и умира. Ако не си верувате, тоа ја уништува најсилната љубов, дури и најздравата врска. Кога сомнежот ќе се вкорени меѓу партнерите, тоа може да ги отруе чувствата и да ја уништи врската.
- Довербата води до прифаќање.
Довербата е поважна од љубовта, бидејќи ви помага да ја прифатите личноста до вас таква каква што е без да се сомневате во неa. Кога ќе му верувате на партнерот, тоа ќе ви помогне да ги прифатите неговите одлуки, постапки, однесување без да го осудувате. Нема да се прашувате што навистина мисли и дали ве лаже кога сте заедно, а тоа е една од најцврстите темели на која може да стои една врска.
- Довербата дополнително ја обезбедува врската.
Врската без доверба е нешто што не може долго да трае. Порано или подоцна, љубовта е уништена од сомнежи и емоционално дистанцирање. Кога постои целосна доверба меѓу партнерите, врската се развива и оди напред кон своето природно продлабочување.
- Се зближувате пред неволја.
Довербата помага да се соочиме со различни предизвици и да си помагаме во тешкотиите. Недостатокот на самодоверба ве спречува да ги надминете пречките, а тие се насекаде околу вас во секојдневниот живот.
- Кога има доверба меѓу вас, полесно ги контролирате емоциите.
Недовербата раѓа сомнежи, несигурности, кои доведуваат до нервоза и се предуслов за губење на нервите. И обратно – кога му верувате на партнерот, знаете подобро да ги контролирате емоциите, бидејќи нема што да предизвика емоционална нестабилност кај вас, дури и ако се соочите со најголемиот проблем.